Барбара, ќерката на некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, наполни 15 години. Таа е единственото дете на Мелита, која ја има од бракот со Соме. Ексводителката вчеравечер ѝ организираше голема журка покрај базен, на која дојдоа голем број пријатели на Барбара. За роденденот Барбара беше облечена во црвени едноделни панталони, а Мелита избра краток виолетов фустан. Музика пушташе Панчо од ДНК, а некои од гостите, расположени за журка, влегоа во базенот. Пред крајот на забавата, Барбара ја пресече црната тортата на три ката и дуваше свеќички.
Поранешната водителка цело време додека траеше журката, објавуваше слики и видеа, па се пофали дека ѝ направила одличен роденден на ќерка си.
„Мама кога организира е вака. Само среќна да ми бидеш секогаш. Те сакам Барбара“, напиша таа на едно од видеата што ги објави на „Инстаграм“.
Мелита постојано споделува семејни слики од Барбара, но многу почесто објавува видеа на кои таа свири и пее. На сите нив Ракичевиќ вели дека е горда на својата ќерка и на нејзиниот музички талент.
https://www.instagram.com/p/B2XY8bHAODs/