(Видео) Мето ди Флеш има нова песна „Позитивно негативни“

Пејачот Мето Ди Флеш ја објави својата најнова песна „Позитивно негативни“. Видеото го сними во неговото студио во Струга заедно со Мухамед Манте. Тие го нацртаа Њујорк, а Мето пееше од центарот на метрополата. Пејачот исто така самиот работеше на текстот, музиката и аранжманот.

Ни рече дека песната ја напишал во еден здив и преку неа сака да испрати порака за повеќе да се сакаме, почитуваме и вистински да бидеме позитивни, а негативни на ковид-тест.

„Ја напишав за актуелното време кое го живееме, пандемијата која наместо да нè зближи нè раздели еден од друг. Луѓето кои се занимаваат со музика и уметност се и беа најпогодените од новонастанатата состојба. Нема полошо од тоа некој да ти забрани да го работиш тоа што го сакаш и тоа што те прави среќен .Новото нормално ништо добро не ни донесе туку напротив како  луѓето да сме спротивставени меѓу себе“, ни рече Флеш.

Како пратечки вокали се слушаат Марија Мечкароска и Анастасија Поповска.

Scroll to Top