(Видео) Ми се пуштаат само будали и мамини мази, нема маж за Јелена од Драчево

Актерката Јелена Јованова која игра во серијата „Преспав“, сними кратко видео во кое зборува какви типови ѝ се додворувале дали ќе има дечко во новата сезона и кога ќе се омажи. Таа им одговараше на фановите од „Црно и Бело“ и на овој начин таа потсети на својот лик од серијата, Јелена од Драчево, која им стана омилена на публиката.

„Ми се додворуваат смотани досадни, мамини синови. Не бе не се појавил маж уште“, рече Јелена која потоа рече дека нема намера да бара дечко, туку оди одма на мажење, само не знае кога ќе се случи тоа.

За потсетување, Јелена е дел од хит серијата која ја снима шестата сезона. Таа со Сашко Коцев неодамна снимаа роматична комедија во Словенија, „Нешто слатко“ во режија на Тин Водоповец..

Scroll to Top