(Видео) Миа го одра Панчо: 5.000 евра за да се појави во спот на ДНК

Панчо од ДНК го сподели спотот за песната „Ние“ на Фејсбук за да најави дека тој и Андреј наскоро ќе промовираат нешто ново.

Тој се потсети дека во видеото што го снимиле пред две години во Турција се појавува и водителката и инфлуенсерка Миа Костова и се пошегува дека го одрала 5.000 евра за улогата.

„Другарка не другарка, ме одра 5.000 евра за да глуми (со попуст)“, напиша Панчо.

Миа ја прифати шегата, па му одговори дека дружба е дружба, но таа морала да го наплати трудот. „5.000 евра кеш и 5.000 евра што испив просеко, пак си наплатив колку што треба“, напиша Миа.

Scroll to Top