(Видео) Миа Костова во када со Панчо

Панчо и Андреј, момците од дуото „ДНК“, вчера ја промовираа новата балада „Ние“. Тие за песната снимија спот во Турција. Во видеото се појавува и водителката Миа Костова, која се бања во када со пена. „Песната грми“, „Доктори сте за музика“, „Миа жено, колку си жешка“, се дел од коментарите на Јутјуб. Видеото го режираше Даниел Јовески, а песната ја направија Панчо и Лазар Цветковски.

„Во Турција престојувавме седум дена, па снимањето навистина не го почувствувавме. Навистина веруваме во оваа песна и веруваме дека многумина ќе се пронајдат во стиховите“, велат Андреј и Панчо.

„Приказната на песната и спотот ни ја опишува осаменоста помеѓу четири ѕида, прогонувањето на спомените од минатото. Спомените се многу посилни кога се ставени на фотографија, фотографии преку кои Панчо патува низ сеќавањата, во времето кога биле среќни со саканата“, додава режисерот Јовески.

Scroll to Top