(Видео) Мијата препеа песна од Драган Каранфиловски – Бојс

Македонската пејачка Мијата ја преработи песната „Бај, бај“ на Драган Каранфиловски – Бојс, која групата „Буба Мара“ ја пееше на фестивалот „Макфест“ во 1988 година. Бојс е автор на музиката и текстот, а новиот аранжман во кантри-блуз стил го направија Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата.

„Ова е првпат да преработам македонска песна и токму оваа песна која за мене претставува емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да испеам песната на Бојс“, вели Мијата.

Scroll to Top