Македонска поп-пејачка и кантавторка на забавна музика, Mијата, ја промовираше својата најнова песна „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, а текстот на Весна Малинова. Аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата, која е и режисер на спотот.
Во него Мијата и Теда се возат на камион од Ѓорче Петров до Железара и заедно пејат.
„Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја“, рече Мијата.