(Видео) Мила Москов ја промовираше песната со која ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот евросонг

Тинејџерката Мила Москов ќе ја пее песната Fire на Јуниорскиот евросонг што годинава ќе се одржи во Полска. Таа неодамна ја промовираше македонско-англиската песна што за неа ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски. Спотот за песната го сними режисерот Даниел Јовески.

Мила беше избрана за македонски претставник на 17. Јуниорски евросонг на аудиција, што се одржа пролетта во МРТ. На аудицијата беа пријавени 18 пејачи. Инаку, Мила е ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп.  Таа на шест години се запишала во локалното државно музичко училиште на одделот за пијано, а по две години се префрлила на соло пеење. Во 2017 година таа учествувала на фестивалот „Мелфест“. Заедно со детскиот хор „Мали ангели“ пеела на неколку концерти за помош на децата со посебни потреби.

Иборот на Јуниор евросонг ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска. Претходни претставници на Македонија на Јуниор Евровизија се Викторија Лоба, Марија Спасовска, Мина Блажев и други.

Scroll to Top