Српската пејачка Милица Тодоровиќ дојде во Скопје и ја изненади Калиопи откако ѝ запеа серенада од под прозорецот на нејзината зграда. „Еј драги драги, божури сади… Каде си Опи“, пее Милица во видеото што Калиопи го објави на својот „Инстаграм“ и откри дека се блиски пријателки со ѕвездата на „Гранд“.
„Секогаш ви споделувам различни лудила од мојот живот. Но мојата сакана Милица ми подготви неверојатно изненадување. Тивко дојде во мојот град и како вистински трубадур, со песна што ја сакам и што нè поврзува, ме повика да излезам на балконот. Те сакам девојко, ти си толку уникатна“, напиша Калиопи.
View this post on Instagram