(Видео) Мими и Нуне од првиот свадбен танц направија спот за песната „Приказна за нас“

Мими Јовановска, која јавноста ја запозна како ѕвездата од „Гранд“ сними нова песна и спот за песната „Приказна за нас“. Музиката, текстот и аранжманот ги напарви сопругот на Мими, Филип Нуне, додека режисер на спотот е Даниел Јовески.

Видеото е снимано наа неколку локации во Скопје, но во него се користени и делови од нивната свадба.

Песната била отпеана првпат на нивната свадба, пред три месеци на која го играле и првиот танц. Приказната е вистинска и инспирирана од нивната љубов и од убавите моменти кои ги доживувале.

„Песна посветена за нашиот прв танц која опишува дел од нас , а верувам дека и многу млади парови ќе се пронајдат во неа. Има многу емоции и љубов, како што има во сите кои се сакаат“, рече Мими.

За впечатоците од свадбата Мими и Нуне раскажаа за Репортер, дека тоа бил посебен момент за нив.

„Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“, изјави парот.

 

Scroll to Top