Пејачката Мими Јовановска и нејзиниот избраник, трубачот Филип Нуне, правеа свадба во еден скопски ресторан. На свадбената веселба присуствуваа нивни блиски роднини, пријатели и колеги од македонската музичка естрада. Највесели биле младенците, па невeстата се фатила за микрофон и пеела за гостите додека млaдоженецот свирел на труба.
Инаку Мими пред неколку години беше и дел од регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде имаше одлични настапи и секогаш поминуваше со добри оценки кај жирито.