(Видео) Мина Блажев и ДНК со новата песна „Кобра“ допираат до тинејџерите

Младата пејачка Мина Блажев и групата ДНК, ја објавија новата песна „Кобра“. Песната е на Панчо и Лазар Цвековски, а видеото го снимаше режисерот Валон Азири во Приштина.

„Овој пат имаме една убава соработка, нешто сосема поразлично, односно имаме младешка песна со убав ритам која веруваме дека ќе биде вистинско освежување“, велат Панчо и Андреј од ДНК.

За потсетување, на Мина ова ѝи е четврта песна. во 2018, таа ја освои наградата за најдобар дебитант на Макфест, а ја претставуваше Македонија на детската Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија. Истата година ја освои наградата Бисер на меѓународниот музчики фестивал „Езерски Бисери“ а беше и дел од талент шоуто „Пинкови ѕвездички“.

Scroll to Top