(Видео) Младата пејачка Лара Иванова има нова песна

Младата пејачка Лара Иванова, деновиве ја објави својата најнова песна „Кој е сега крив“. Автор на песната е Иле Спасов, а текстот го пишуваше Робин Зимбаков. Лара вели дека е презадоволна од двајцата и дека ќе продолжи да работи со нив и во иднина.

„Се надевам дека публиката ќе ужива во мојата нова песна и дека ќе ни испрати повторн енергија за да продолжиме да работиме со исто темпо“, изјави Лара.

Таа пред три месеци го промовираше мега-хитот „Некогаш ќе помине“, кој беше одлично прифатен од публиката.

Scroll to Top