Младиот пејач Тони Андреев го преработи хитот на Тоше „Боже чувај ја од зло“. Тој ја продолжи традицијата од неколку преработки на песните на Тоше, а последната ја направи со бендот. Видеото го сними со продуцентот Алек Тасевски.
„И годинава се потрудив да ја одржам традицијата во чест на Тоше. Оваа традиција трае веќе неколку години и ова е мојата четврта преработка. Мило ми е што успеав да си го одржам ветувањето кое се надевам дека ќе трае секоја година. Тимот што победува не се менува. И овој пат на звукот работевме јас и мојот бенд. Тука е и Алек Тасевски, мојот продуцент, кој се потпиша на сите мои видеа“, ни рече Тони.