(Видео) Моделот Кристина Поп и тиктокерот Душан имаат нова песна и 50.000 прегледи за еден ден

Моделот Кристина Поп сними дует со тиктокерот, Душан Пауновски. Песната „Беби“ ја промовираа на „Јутјуб“ и за еден ден имаат над 50 илјади прегледи.

Ова не ѝ е прва песна ни на Кристина, а ни на Душан. Кристина, која неколкупати учествуваше на светски избори за убавина, претходно ја сними песната „Никад доста“. Душан, кој е познат кај помладите како whoisdushan, исто така веќе има една песна – „Нема дилема“.

„Снимањето и на песната и на спотот беше забавно и со позитивна енергија. Се одлучивме за нешто поинакво и задоволни сме што крајниот резултат е во чекор со светските трендови. Време е да ѝ се случи револуција на македонската музика“, велат тие.

Музиката и аранжманот се на Тоби, а текстот го напишаа Кристина и Душан. Спотот е снимен во Скопје и Куманово.

Scroll to Top