Актерката Весна Бејби Петрушевска објави емотивно видео со фотографии со нејзиниот син и починат татко, додека како позадина се слуша песна од Елвис Присли, и напиша дека ова се нејзините омилени мажи.
„Секој ден кога ќе го слушнам и ќе го видам /секако виртуелно/ ми застанува срцето и кога затварам екран сум скршена. Ама знам дека му е таму подобро и се бори за себе и за подобар живот. Во овој клип се моите омилени мажи, тато Кирил и син Кирил. Една цела галаксија. Оној кој не искусил нема поим, те сакам и ми фалиш секој ден…ако јас држам излог“, напиша Весна Бејби.
View this post on Instagram
Инаку синот Кирил пред три години замина во Хјустон, Америка кај својот татко Јанко Тренкоски, каде го продолжи образованието. Во април оваа година Кирил прослави 20. роденден.
Пред две години почина, Кирил таткото на актерката.