(Видео) Наталија Славева сними песна по пет години

По пауза од пет години, поп-пејачката Наталија Славева сними нова песна. Таа на годинашниот „Макфест“ ја испеа баладата насловена „Штом љубовта исчезне“. Песната ја компонираше Томислав Коцевски, текстот го напиша Огнен Неделковски и аранжманот е на Дејан Миленковски.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што беа вклучени во создавањето на оваа песна, танчерите што ме придружуваа на сцената, на Ивана Кнез што направи да се чувствувам волшебно во нејзината прекрасна креација“, рече Наталија.

Наталија последниве години настапуваше во кафулиња и во клубови во земјава. Таа неодамна ја препеа и макфестовската песна „Свирете ја зајди зајди“.

Scroll to Top