Актерот и шоумен Игор Џамбазов пак ја забавуваше публиката, овој пат седнат во ресторан. Покрај него на масата имаше чаша вино, а тој вели: „Не бе не сум пијан, не ни знам како изгледа пијанството“, и го мавна виното на екс.
На крајот сепак кажа дека е е вино туку сок од боровница, па викна келнерот да му донесе уште една чаша. Во интервјуто во „Репортер“ Игор пред две години откри дека кога почнало снимањето на „Преспав“ , каде го игра Миле Бузалвски, тој го осатвил алкохолот и веќе неколку години не пије.
За потсетување, тој во моментов е сам во Македонија, без неговата партнерка алпинистката Илина Арсова, која во Еквадор го искачува највисокиот врв.