(Видео) „Не се откажуваме од прославата“ – Влатко Стефановски и Сузана Спасовска во „Преспав“ за новогодишната ноќ

Со  Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески и Сузана Спасовска, „Преспав“ го најави специјалнато новогодишно издание.

Од продукцијата велат дека во новогодишната епизода пансионот се соочува со истите предизвици како и секој угостителскиот сектор во моментот поради пандемијата, ама не се откажуваат од прославата и позитивниот дух.

Специјалниот новогодишен мјузикл ќе трае три часа. Ќе се емитува на 31 декември од 21 часот на МТВ. Апелираат за Нова година да останеме дома со своите семејства, а тие ќе се погрижат за добра забава и смеење до солзи.

 

Ова е трета година по ред „Преспав“ да објави специјална новогодишна епизода, а изминатите новогодишни изданија на јутјуб-каналот имаат повеќе од еден и пол милион прегледи.

Пред некој ден беше објавена и преработата на „Just the two of us“ со интимното танго на Талат и инспекторот Томе.

Scroll to Top