Пејачката Лидија Кочовска за Бадник објави видео во кое со мајка ѝ Невена, која боледува од Алцхајмеровата болест и татко ѝ Панче, ја пејат омилена празнична песна Las maňanitas.
„Нека ни е за многу години. Христос се роди. Паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. Сè уште солидно звучиме во триглас. Ве сакаме од срце. Среќен Божик“, напиша Лидија.
За потсетување, Невена која боледува од Алцхајмерова болест неодамна исчезна од дома. Нејзините ќерки ја бараа преку социјалните мрежи.
Актерката Тања Кочовска за „Репортер“ ни раскажа за ситуацијата со која тие се соочуваат. Таа вели дека мора да им се помогне на овие лица, затоа што Алцхајмер е болест која прогресира и е многу е тешко, кога дома имате лице кое боледува од ова.
„Во прашање се веќе неколку години. Но, болеста прогресира. И знаете како, велат дека Алцхајмер е болест на целото семејство, и навистина е тешко. Сите сме околу неа, и јас, и мојата сестра Лидија, и целото смејство“, раскажа Тања за „Репортер“ .
Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни.
View this post on Instagram