(Видео) Николче Мицевски со песната „Круг“ го најави новиот албум

Македонски композитор Николче Мицевски ја промовира песната „Круг“, со која го најави својот албум Nеw Еrа, кој треба да излезе до крајот на годината. Познатиот музичар е автор на музиката и аранжманот и го свири пијаното во песната.

Мицевски сними и видео за оваа песна, а режисер на видеото е Даниел Јовески.

За потсетување, Мицевски на публиката ѝ е познат како композитор на многубројни хитови, а тој е и автор на последните два албума на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“ и „Извор“.

Scroll to Top