(ВИДЕО) Нина Јанева го промовираше спотот за „Ова не е крај“

Македонската пејачка Нина Јанева објави видеоспот за баладата „Ова е крај“, која ја направи  Александар Масевски -Масе. Песната доби и спот, а го режираше Александар Ристовски-Принц.

Песната на Нина е балада со малку блуз, госпел и поп, каде што само во придружба на пијано и органа, Нина вокално ги опишува своите чувства.

„Песната е авторско дело на Александар Масевски со кого соработувам активно последниве две години. Видеото го режира Александар Ристовски – Принц, а за шминката и фризурата се погрижи Зорица Николова. Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, вели Нина за „Репортер“.

Scroll to Top