Фолк-пејачот Спасе Антевски има нова печалбарска песна „Пуста печалба“. Во песната доминира народен мелос. Таа е комплетно авторско дело на Далибор Ѓошиќ.
„Песната ми е особено драга пред сè бидејќи е посветена на нашинците кои во потрага по парче леб се насекаде низ светот. Но, спомените и љубовта кон својата земја секојдневно ги потсетуваат каде е нивниот корен. Ние како музичари сме должни токму преку песната да ја чуваме нашата традиција и насекаде низ светот да кажуваме гласно колку сме горди што сме Македонци“, вели пејачот.
Тој веќе пет години соработува со „Екстрим бенд“, бенд составен од искусни и докажани музички професионалци.
„Решив да ја промовирам песната пред почетокот на сезоната за свадби и прослави. Веќе следниот месец ќе бидеме посветени на настапите во живо, насекаде низ нашата земја“, вели тој.