(Видео) Нова песна и спот на момците од „Фидбек“

„Фидбек бенд“ промовираше нова песна со наслов „Дај ми фидбек“, за која направи и спот. Текстот, музиката и аранжманот се на Драган Ристовски, а видеото го работеше „Вертиго креатив“.

„Спотот се снимаше на неколку локации низ Скопје. Снимавме во градскиот парк и во неколку ресторани. Тимот со кој соработувавме даде сè од себе за овој наш најнов проект и излезе баш онака како што го планиравме. Нормално, ова е само најава за сите планови следната година на музички план, која веруваме ќе биде доста продуктивна, доколку ги реализираме сите идеи“, велат момците од бендот.

Scroll to Top