(Видео) Нова песна на групата „Фикшн“

Македонскиот бенд „Фикшн“ ја промовира својата нова песна, „Некој друг“. Музиката и текстот се на Виктор Захариев, а аранжманот е на целиот бенд. Свој придонес во песната имаат и Дарко Цакиќ на тапани и Симеон Ангеловски на бас гитара.

Бендот е формиран во јуни 2016 година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, пратечки вокали) и Филип Андонов (гитара). На почетоците функционираат како кавер бенд, а сега создаваат и своја авторска музика. „Фикшн“ токму со песната „Некој друг“ настапија на годинашниот „Рокфест” во МКЦ каде што имаа одличен настап, а Захариев ја доби наградата за најдобар гитарист на фестивалот.

Scroll to Top