Тијана Дапчевиќ вчера славеше роденден. Таа наполни 45 години. Во ист ден промовира и нова песна, која има наслов „Слепа љубов“.
„Еве ја. Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта, ви подарувам песна – „Слепа љубов’,“ напиша Тијана и го објави видеото. Автор на музиката е Срѓан Лазиќ.
Иако не можеше да ги собере семејството и пријателите, Тијана доби многубројни пораки и честитки за роденденот, но посебно од сестрата Тамара и внуката Хана.
View this post on Instagram
На профилот на Хана се појави видео од неа како игра на песната Never Gonna Give You Up, а под него пораката: „Ти си мојата прва мајка. Те сакам најмногу и едвај чекам да те видам. Среќен роденден со твојата омилена песна. Твоја Хана.
View this post on Instagram
И Тамара Тодевска со фотографија ѝ го честита роденденот.
„Среќен роденден, сестро. Те сакам до Месечината и назад“, напиша таа.
Роденденските честитки пристигнуваа и од колегите од естрадата. Милица Тодоровиќ, Весна Петрушевска ѝ испратија пораки, а Жељко и Јована Јоксимовиќ ѝ го честитаа со вклучување во живо од емисијата.
View this post on Instagram