Актерот Сашо Тасевски повторно стана хит на социјалните мрежи. По песните за Пендаровски и Мијалков, тој сега на „Фејсбук“ пее за апсењето на Боки 13 и специјалната обвинителка Катица Јанева.
„Одлази СЈО из нашег ружног града. Заврши уште една претстава. Се надевам дека уживавте во неа колку што и јас. Ќе се видиме сигурно“, вели Тасевски во видеото, разочаран од актуелните политички настани во државата.