(Видео) Пандев славеше 40. роденден во Струмица со фудбалерите од клубот Берера: Спектакуларен пречек и торта со неговото презиме

Македонскиот фудбалер и долгогодишен капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев својот јубилеен 40. роденден го прослави заедно со децата кои се дел од академијата на клубот Брера од Струмица.

Огранизиран пречек за Пандев од децата и роденденска торта на која го пишува презимето на легендарниот фудбалер.

Пандев вели дека му е голема чест што роденденот го слави во родната Струмица, помеѓу младите таленти и идни  фудбалери.

„Голема чест е мојот роденден да го прославам со толку многу дечиња. Навистина големо изненадување за мене. Благодарност до сите во Академија Пандев Брера и посакувам цврсто здравје на сите. Ова е нов проект кој се базира на младите таленти, се надевам дека сите ќе ги служи добро здравје и целиме кон освојување многу титули. Овој проект е новина во Македонија и се надевам дека уште повеќе дечиња ќе дојдат во нашата школа. За нив ќе има многу изненадувања – ќе работиме по нова програма, ќе имаме новитети во тренерскиот погон и ќе се трудиме да ги охрабриме младите да спортуваат, да имаат почит кон повозрасните и да ги изведеме на вистинскиот пат“, вели Пандев.

Пандев кариерата како фудбалер ја заврши минатата сезона и комплетно се посвети на подобрување на условите во својата фудбалска академија. Неодамна клубот се ребрендираше во името АП Брера Струмица и овој проект треба да биде еден од најуспешните во Македонија.

 

Scroll to Top