(Видео) Пејачката Мијата го објави спотот што сама го режира

Пејачката Мијата го објави спотот за својата последна песна „Маска“. Таа освен што ги напиша музиката и текстот, сама го режира и спотот. Песната во поп-рок стил Мијата ја промовира лани во декември, а вели текстот е инспириран од пандемијата на коронавирусот, но се однесува на жените и женските права.

„Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација на видеото ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум им благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето. Сега задоволството е заедничко“, вели Мијата.

Песната „Маска“ е дел од нејзиниот втор албум, кој треба да излезе оваа година.

Scroll to Top