(Видео) Песна со Рамбо Амадеус го најави новиот албум на македонскиот џез-бенд 3јecт

Македонскиот џез состав 3jecт ја проовира песната „Рецесивни ген“ што ја сними заедно со црногорскиот музичар Рамбо Амадеус. Таа се наоѓа на нивниот втор албум, 3јect.

Текстот на песната е на Рамбо, а тој е и автор на музиката заедно со момците од бендот. Во 3jecт членуваат Антоније Пушиќ (вокал и гитара), Петар Лукиќ (клавијатури), Иван Петровски (гитара), Александар Ванчовски (тапани).

“Почетната верзија на песната беше инструментална. Кога го снимивме целиот албум, ни остана таа песна како недовршена. Сакавме да имаме гостин и мислевме да биде некаков рап. На една седенка дури го преслушувавме албумот наш пријател рече дека “Рамбо тука би залепил”. Ми зазвуче како многу добра авантура и си рековме да пробаме, дури да нѐ одбие со нашава лудорија. Стапивме во контакт и успеавме. Пресреќни сме што Рамбо Амадеус прифати да ни гостува во нашето второ издание.  Се надеваме дека еден ден ке можеме да ја раскажеме нашата приказна во живо, како што прилега на еден бенд”, рече Александар за Репортер.

Scroll to Top