(Видео) Пеце Суперхикс се пофали дека е крал на бордањето

Пејачот Петар Младеновски или Пеце од „Суперхикс“ сподели неколку фотографии и видеа од зимувањето на Попова Шапка. Тој вози по патеката во слободен стил, а на една од фотографиите во рацете држи штица за бордање.

„Кралот на бордањето од 2.000 м“, напиша тој.

Пејачот не крие дека е љубител на зимските спортови, но вели дека му е жал што само еднаш годишно ги посетува ски-центрите и ужива во зимувањето и снегот.

 

„Суперхикс“ во 2020 година го извади карантинскиот хит „На Велигден сум се затворил“, а годината ја заврши со онлајн-концертот во МКЦ одржан на самата новогодишна ноќ.

Scroll to Top