Култниот скопски бенд „ПМГ колектив“ ја промовира новата песна „Нервен слом“. Бендот, кој има девет албуми за 20 години на музичката сцена, со оваа песна го најави излегувањето на компилацијата „Градот ме тера да пеам“, што ќе биде јубилејно двестото издание за дискографска куќа „ПМГ рекордингс“.
Препознатливи по хитовите „Скопјанка“, „Манекенки“, „Принцеза“ и други, „ПМГ колектив“ ѝ се враќа на музиката со модерна љубовна песна, полна со хумор и скриени пораки. „Нервен слом“ ја направија Мирко Попов и Синиша Евтимов, а спотот го режира Мирко Попов.