(Видео) По една година „Ареа“ промовира нова песна

Рок-бендот „Ареа“ по една година има нова песна, „Те спомнувам“. Тие за песната промовираа и спот што го снимија на неколку локации во Гостивар. Режисер е Кристијан Шемко.

„Во спотот се појавуваат млади артисти кои му дадоа многу ведрина и насмевки на спотот“, велат од бендот.

Неодамна во интервју за „Репортер“ Ружица раскажа дека и покрај паузите што ги прават, „Ареа“ секогаш ќе се враќа на сцената кога ќе има што да каже преку музиката.

Scroll to Top