Ружица Ареа: Не му дојдов на Ивица на првиот состанок

Кога во 1991 година Ивица и Ружица Брчиоски го формираа рок-бендот „Ареа“ не ни помислуваа дека нивната кариера ќе трае речиси 30 години. „Ние во тоа време само сакавме да создаваме музика“, вели Ружица, која кога со „Ареа“ се појави на сцената, станаа еден од најпопуларните бендови кај нас. По пет години пауза се вратија на сцената со песната „Зрак“.  Но, зад гостиварскиот бенд се и „Сите мои слики“, „Нешто недостасува“, „Дозволи ми“, кои денес ги слушаат и генерациите што не биле родени во времето кога се снимиле тие песни.

Пред да настане бендот „Ареа“ се случила нивната љубовна приказна, во средношколските денови, кога е и првиот нивни пропаднат состанок. Зошто Ружица го извисила Ивица, за почетоците, за љубовта, за ќерката Елена, за тоа зошто толкава пауза, гледајте во интервјуто.

Андријана Јовановска

Scroll to Top