Пејачите Огнен Здравковски и Александар Тарабунов синоќа се дружеа и заедно запеаја. Тие го отпејаа хитот на Никола Роквиќ, „Мед и слатко грозје“, а Огнен напиша дека по три месеци конечно пуштил глас.
„Во два гласа заедно со братот мој. По 3 месеци, да пуштам глас“, напиша тој на видеото со Тарабунов.
Огнен е внук на починатиот виолинист Зоран Џорлев. Тој за „Репортер“ ни кажа дека има милион убави спомени од нивните дружби и заеднички пеења и настапи.
„Кога ќе седневме, заедно со него ги пеевме песните на дедо ми, “Не кажувај либе добра ноќ’, “ Во Струмица на улица“, “Кажи, облече ле бело“, неговата омилена “Џелем, џелем“, изјави Огнен.