Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска говореше на конференција на ОБСЕ на која се презентараше извештајот за работата на СЈО. Па, кога заврши официјалниот дел, таа со шефицата на нејзиниот кабинет се придружи на коктелот. Таму Јанева се опушти и расположи и им го привлече вниманието на гостите ем со изгледот, ем со изборот на храна. Едни го пофалија нејзиниот црн фустан со цветови и црвените нокти, а други се пошегуваа дека Јанева е на диета оти претежно јадеше овошје. „Катице, полека со праските“, коментираа тие.