Македонска пејачка Полина Тасева ја промовира својата прва авторска песна со наслов „Игра“. Таа ги напиша музиката и текстот заедно со Иван Петровски, а продуцент на песната е Роберт Билбилов. Полина за песната сними и спот во режија на Владислав Гавриловски.
„Со видеото сакам да испратам порака дека сите треба да ги следиме чувствата и да се впуштиме целосно во животот, со голема верба, љубов и искреност“, вели младата пејачка.
Инаку, ова ѝ е втора песна на Полина. Таа пред две години ја испеа песната Broken во дует со Томи Тасев. Во музичкиот свет е позната и по тоа што снима придружни вокали на голем број македонски музичари.