Полицијата соопшти дека телото на Адеа Шабани било во распаѓање. Тие го извадиле од плитко ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто. Според нив, се верува дека телото на Шабани било потопено во вода и на тешко пристапно место. Поради тоа што телото било одреден период под вода, полицијата не можела веднаш да го извлече. Ова се првичните информации што ги соопшти полицијата на Лос Анџелес на прес конференција каде ги откри првичните детали за исчезнувањето и смртта на македонската актерка и модел.
Како што прв пренесе „Репортер“, остатоците од Адеа биле пронајдени минатиот четврток, а полицијата на Лос Анџелес дури вчера го идентификувала телото.
На конференцијата биле пуштени и снимки од плитко ископаниот гроб во кој било пронајдено телото на Адеа. Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи рекол оти истражителите веруваат дека телото пронајдено близу Сакраменто ѝ припаѓа на Шабани. Тој додал дека во моментот не може со сигурност да ја потврди информацијата, зашто телото било во фаза на распаѓање. Полицијата ќе ги чека резултатите од обдукцијата за да излезат со точни резултати.
Капетанот Хејес рекол дека според нивните сознанија станува збор за убиство. Но, дури по направената аутопсија ќе ја знаат точната причина за смртта и начинот на кој починала Адеа. Аутопсијата е закажана за денес доцна навечер по македонско време.
Според полицијата, сè уште не се знае дали Споц бил сам во момент на убиството илии некој му помагал. Полицијата случајот го третира како убиство.