(ВИДЕО) Последното интервју со планинарката Калина Велевска

By

Калина Велевска, која беше член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“ и која загина на Кајмакчалан, своето последно интервју го имала направено со новинарката Неда Маретиќ, која била дел од тимот на планинари кои се качуваа на Кајмакчалан.

Калина, во неделата трагично го загуби животот на Кајмакчалан, заедно со 35 годишниот Александар Миновски.

Откако слушнала за трагичниот настан, Маретиќ на својот Фејсбук профил напишала:

„Вака не се договоривме, Имавме уште многу да пишуваме за планините“.

Во изјава за Тера Маретиќ дополнила дека Калина ја познавала како личност која живеела за планините.

„Нејзината насмевка како ехо ќе одзвонува на секој врв“.

Калина била организатор на 12 планинарски предизвици, и додека била со новинарката Маретиќ, таа во тој период  го водела Дневникот на една планинарка.

35-годишниот Александар Миновски, кој исто така загина на Кајмакчалан заедно со Калина Велевска, имал освоено многу планински врвови, не само во Македонија, туку и низ Европа.

Тоа и патувањата, биле негова животна страст.

 

Ќе ви се допадне