(Видео) Промовирана македонската евровизиска песна

Во студио со неколку различни сета, и во два кадра е снимен спотот за евровизиската песна Lost and Found на Ај Кју. Режисер на видеото е Јован Куциновски.

„Беше голем предизвик да се сними спотот во еден ‘тејк’“, рекоа Марија и Бојан при неговата промоција, што се случи вечерва во Дневникот на МРТ.

Тие додадоа дека едвај чекаат публиката да ја слушне песната што на 8 мај ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Португалија. Автор на музиката и текстот на песната е Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров.

Scroll to Top