(Видео) Ристе Ристески ја препеа „Место на злосторот“ од Тоше

Пејачот Ристе Ристески кој во 2017 година победи во шоуто на „Гранд“, ја препеа песната на Тоше Проески „Место на злосторот“.

Музичарот објави видео кое го сними дома, а од фановите доби само убави коментари. Претходно тој го препеа и хитот на Тони Цетински „Како во сон“.

Ристовски ни кажа дека подготвува и нешто негово и дека веќе има готови студиски песни на македонски и српски јазик кои чека да ги објави.

„Поради пандемијата со коронавирусот, не можев да ги објавам моите песни. Но, се надевам дека публиката за брзо ќе има можност да ги чуе“, ни кажа Ристе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Scroll to Top