(Видео) Ристе Ристески си пресади коса во Турција и се пофали со новиот имиџ

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ од 2017 година, Ристе Ристески, во Турција направи трансплантација на косата. Тој пресадувањето го направил неодамна на клиника во Измир. Ристе сега објави видео и покажа како изгледала неговата глава по процедурата, а се пофали и со новиот имиџ и кратката коса.

Ристе во едно од своите видеа рече дека многу познати личности се решиле за оваа процедура, но не кажуваат за тоа, ама тој решил да не крие од публиката дека си пресадил коса.

„Пред да се решам за пресадување коса гледав еден куп видеа и тоа ми изгледаше навистина страшно, но целата интервенција се заврши во неколку часа без никаква болка. Да знаев дека е толку едноставно и брзо, порано ќе ја направев. Првите 10 дена ми е забрането да излегувам на сонце и да тренирам, но после тоа се вратив на вообичаениот животен стил“, рече Ристе.

Пресадувањето коса е процес кој кај некои пациенти трае и до 12 месеци. Првите резултати се гледаат во четвртиот месец, а веќе во седмиот месец косата ја добива посакуваната густина и облик.

@riste_risteskiHair transplant done! Info soon..

♬ original sound – Riste Risteski

Scroll to Top