Македонскиот пејач и композитор Роберт Билбилов вчера прослави роденден и ја објави својата најнова песна „Нигде не те наоѓам“. Робин Зимаков е автор на текстот, а музиката и аранжманот се на Блиблов.
Спотот е снимен на неколку локации, а во него се појавува манекенката Ирина Кузевска.
Пејачот вели дека времето минато во карантин го искористил продуктивно и дека поголемиот дел го поминал во студиото наместо дома. Тој ни изјави дека се надева оти го погодил вкусот на публиката и дека новата песна ќе им се допадне на фановите.
„Пандемијата на коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студиото, па така и се роди ‘Нигде не те наоѓам’, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата беше вчера, на мојот роденден, и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека ‘Нигде не те наоѓам’ ќе се најде на вашата плеј-музичка листа ова лето“, порача Билбилов.