Девојката која јавно пушеше марихуана и снимката ја сподели на социјални мрежи, Моника Ристеска, е избракна од дома. Од пред неколку години таа не живее со родителите, кои кога 1 ја нашле марихуаната засадена во скасија ѝ поставиле улитиматум. „Пред да ме избркаат ми рекоа: ‘Ќе ја рекламираш твојата дрога или ќе се откажеш за да бидеш под наш покрив’, раскажува Моника за „Макфакс„.
Решила да си оди од дома и да си ја тера приказната со марихуаната. „Ми беше премногу тешко, особено за девојка, да остане буквално сама на улица. Во тие моменти многу се молев“, раскажува Ристеска и додава дека “болката од тешките моменти со нејзините родители е исплачена и закопана во земја“. Активистката вели: „Нема ден да не испушам еден џоинт, освен кога нема средства за тоа. Не создава зависност“.
Моника двапати е апсена, но полицијата не може да дојде во нејзиниот дом за да изврши претрес бидејќи таа често ја менува адресата на живеење. Вели дека намерно ја провоцирала полицијата и дека ќе продолжи да се бори за целосна легализација на канабисот. Ристеска полицијците ги нарекува „кучиња“. Последниот упад го имале пред неколку дена, но во домот на нејзините родители, каде што таа не живее.
По професија е дипломиран новинар, а има и магистратура. Вели дека сака да ја крене свеста кај луѓето за користа од канабисот и додава дека е свесна за сите последици од оваа нејзина борба.
„Веќе се навикнав дека некои луѓе ме сметаат за наркоманка. Моето мислење за таквите луѓе е дека се крајно глупави и не заслужуваат да живеат. Најчесто на таквите им се случува да им затреба лекот, па да го променат мислењето“, вели Ристеска.