(Видео) Сале Рокер сними нова љубовна балада

Македонскиот рокер и музички менаџер, Сашко Андриески, познат како Сале СРВ, има нова песна, откако изминатиот период сними кавер верзии на познати ју-хитови. Овој пат тој промовира рок блада насловена „Зошто да ти верувам“. Текстот за песната го напиша Огнен Неделковски кој раскажа приказна за заљубен пар чиј свет се урива пред двете лица на љубовта. Аранжманот е на Драган Ристовски, во чие студио е и снимена песната.

Продолжувајќи ја традицијата да соработува со дел од големите музички ѕвезди, Сале-Рокер овој пат ја спои песната со Зеле Липовача од култната рок-група „Дивље јагоде“, кој ги свири гитарските делници на песната. Баладата, покрај македонската има и српска верзија, насловена „Кад су речи ратници“. Српскиот текст е дело на Сефо Дуративиќ, член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ.

Сале за песната сними и видео во Градскиот парк во Скопје.

 

Scroll to Top