(Видео) Сара Мејс промовира нов сингл

Пејачката Сара Мејс неодамна го промовираше својот прв албум „Floating Through Space with Sarah Mace“. Таа во моментов е актуелна со песната „Време“, за која изработи и видео со текстот од песната. Инспирацијата за текстот на песната „Време“ е од спојот на минатото, сегашноста и иднината, а го напиша Сара. Музиката е на Мејс, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, кои го изработија и аранжманот заедно со Иван Петровски и Александар Ванчовски.

Албумот „Floating Through Space With Sarah Mace“ е авторско дело на Сара и нејзиниот тим, а издавач е Пасворд продукција.

Scroll to Top