(Видео) Се ожени Марко „Дај побрзај“: Водителот во старки, невестата без венчаница

Водителот Марко Новески се ожени со својата девојка Цена Плавевска. Тие склучија граѓански брак, а на венчавката освен кумот и старосватицата, дојдоа само најблиските членови на семејството. Марко носеше панталони и кошула со старки, а невестата избра бело-жолта сукња наместо венчаница.

Познатиот водител не криеше дека е пресреќен што се ожени и објави неколку фотки од венчавката.

„Се оженииииив. Те сакам Цена и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“, напиша тој.

Марко и Цена добија голем број честитки, а некои од пријателите се шегуваа дека првиот свадбен бакнеж им бил под маски, па ќе мора да го повторат кога ќе заврши короната.

Марко и Цена се свршија во февруари, а тогаш водителот откри дека сака да направи голема свадба.

Марко долги години е еден од најпопуларните телевизиски и радио водители кај нас. Водеше неколку емисии и квизови, а најпопуларно од сите беше шоуто „Дај побрзај“.

Scroll to Top