Министерката за одбрана Радмила Шекеринска леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар „Маврово опен“. Таа леташе со помош на инструктор, а вели дека дваесет години ѝ требало да собере храброст за оваа работа.
„Дваесет години се обидував да најдам храброст за оваа пригода и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. Секому го препорачувам и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурни раце“, рече министерката. Таа кажа и дека не ѝ било страв, затоа што сè било добро организирано.