(Видео) Шерифовиќ го одведе Огнен во четвртиот круг на „Гранд“

Со песни од Лозано и Здравко Чолиќ, Огнен Здравкоски го воодушеви жирито и помина во четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Тој во третиот круг, каде кандидатите настапуваат во дуели, беше подобар од Самед Џело.

Според новите правила на шоуто, кандидатот што ќе добие повеќе гласови оди директно понатаму, а ако двајцата кнадидати имаат ист број гласови, тогаш се прегласува. Откако испеаја Огнен и Самед, тие и двајцата добија по пет гласа. По прегласувањето, Огнен доби повеќе гласови и со тоа директно отиде во следниот круг.

Ментор на Огнен е Марија Шерифовиќ. Таа по неговиот настап не ги штедеше пофалбите.

„Беше одличен. Првата песна беше емотивна. Немам што да ти замерам, јас сум задоволна“, му рече меѓу другото Марија.

Настапот на Огнен може да го погледнете на 01:40:40.

Scroll to Top