Поп -пејачката Тамара минатиот викенд настапи во Мадрид, пред многубројна публика. Таа била изнанадена кога целата публика едногласно ја пеела песната „Proud“ со која таа на Македонија ѝ го
донесе највисокиот досега пласман на Евровизија.
„Ви благодарам што направивте да се чувствувам како дома“, напиша Тамара
Песната „Proud“ го освои првото место од жирито на годинашната Евровизија, обезбедувајќи ни
пласман на финалната табела на седмото место.